Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Владина стратегија за реконструкција



Република Македонија
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Координативно тело за справување со кризи
С К О П Ј Е



СТРАТЕГИЈА
за поправка и реконструкција
на оштетените објекти и сообраќајници
во кризните подрачја



СОДРЖИНА


1. ЦЕЛ И ОСНОВНИ НАЧЕЛА ЗА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

2. ФАЗИ, АКТИВНОСТИ И ПРИОРИТЕТИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

3. КООРДИНАЦИЈА НА ПОПРАВКАТА И РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

3.1 Координативно тело за поправка и реконструкција
3.2 Комитет за поправка и реконструкција
3.3 Тим за поправка и реконструкција
3.3.1 Географски Информативен Систем / База на податоци
3.3.2 Тимови за процени на штети
3.4 Правен тим

4. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТИТЕ

5. СТАНДАРДИ ЗА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

6. ПРОЦЕДУРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

6.1 Стратегии за имплементација
6.2 Механизам за имплементација
6.3 Законска основа за издавање на документ за градба

Анекс А ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КРИЗНИТЕ ПОДРАЧЈА

Анекс Б ОБРАСЦИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОРИСНИЦИТЕ

Анекс Ц ДОГОВОРИ ЗА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КУЌИТЕ

Анекс Д ГРАДЕЖНИШТВО И ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Листа на градежни производи по произведувач
  • Листа на градежни претпријатија


1. ЦЕЛ И ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

ЦЕЛ на поправка и реконструкција на разрушените и оштетените објекти и сообракајници, како и расчистување на градежниот шут, е да им се помогне на загрозеното население и владата на РМ да ги поправат и реконструираат домовите и да се вратат во првобитна состојба сите оштетени објекти, сообракајниците и животната средина од штетата причинета од воените дејствија во кризните подрачја во Република Македонија.

Конзистентноста во приодот и координацијата се клучни за успехот и развојот на оваа стратегија. Општите основни принципи се суштински за:

  • координација на активностите и актерите;
  • идентификација на корисниците и проценка на штетите;
  • стандардите за поправка и реконструкција; и
  • процедурите за имплементација

Донаторите, агенциите на ЕУ/ОН заедно со владината администрација, ги елаборираа и дискутираа општите основни принципи на четирите суштествени аспекти кои треба да обезбедат општ приод за балансирана имплементација на помошта при поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците.

Овие основни принципи ќе го опишат заедничкиот пристап договорен помеѓу донаторите, агенциите на ЕУ/ОН и владината администрација врз основа на правилата за имплементација на програмите за поправка и реконструкција. Општите основни принципи заедно со активното учество на сите актери во редовниот координативен процес ќе осигураат дека помошта е распределена подеднакво и непристрасно.

Меѓународната заедница за помош колективно ќе биде вклучена во поправката на објектите, со цел да се овозможи враќањето, како прва фаза.

Реконструкцијата на сите оштетени објекти, со меѓународна помош (Европски и други донатори имаат дадено финансиски средства) ќе трае подолго време.

Најзначајни фактори за реализација на горенаведената цел се:

  • осигурување основна безбедност на локалното население во поглед на неек·плодирани средства и мини пред комплетното деминирање на населените места во кои ќе се извршува поправка и реконструкција;
  • завршување на воените дејствија во кризниот регион;
  • временските прилики до зацртаните рокови за извршување;
  • депонирани финансиски средства

2. ФАЗИ, АКТИВНОСТИ И ПРИОРИТЕТИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

Процесот на поправка и реконструкција ќе биде процес во 2 фази.

Меѓународната заедница за помош ќе биде колективно вклучена во поправката на куќи, за да овозможи враќање, како прва фаза.

Европските и други донатори финансиски се обврзаа за втората фаза за реконструкција.

Активностите и динамиката на работите во процесот на поправка и реконструкција на оштетените објекти и сообраќајници се следните:

 

Активности

сеп

окт

ное

3

10

17

24

1

8

15

22

29

5

12

19

26

1

Проценка на штетата за секој објект

                         

2

Оформување на документација и определување на потребни финансиски средства

                         

3

Изнаоѓање финансиски средства од донатори

                         

4

Идентификација на корисници на помош

                         

5

Изработка на проекти за реконструкција на објекти

                         

6

Изведување на работите за поправки (прва фаза)

                         

7

Изведување на работите за реконструкција (втора фаза)

                         
(продолжува во 2002)


Приоритетите во процесот на поправка и реконструкција ке бидат во зависност од:

  • безбедносната ситуација во секое подрачје, како и присуството на не експлодирано средства;
  • раселеност на населението од населеното место во прифатни центри;
  • приоритетни потреби на жителите и заедницата што се враќа за училишта, амбуланти, станбени објекти; и
  • пристап до подрачјата за реконструкција


3. КООРДИНАЦИЈА НА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

Помошта за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците ќе биде здружена акција, во која ќе учествуваат владината администрација, локалната администрација од кризните подрачја, билатералните, мултилатералните и приватните донатори и НВО. Координацијата помеѓу сите овие ќе биде суштествена за фер и правична помош на загрозеното население кое има потреба од неа.

Координацијата треба да овозможи конзистентно економично користење на достапните средства, правејќи ја помошта разбирлива, и без да предизвикува тензии помеѓу населението како резултат на неостварливи очекувања. Координацијата ќе ги опфати сите актери, вклучувајќи ги и корисниците, во еден транспарентен процес.
Координацијата треба да се совпаѓа помеѓу потребите на корисниците и потенцијалот на донаторите и агенциите на ЕУ/ОН, НВО кои ќе помагаат. Координацијата треба да биде отворена за можноста корисниците, агенциите на ЕУ/ОН, НВО и донаторите да го оптимизираат ефектите од работата.

Се очекува поголемиот дел од донаторите да ги дефинираат своите стратегии за имплементација и да ги одберат своите агенции/НВО за извршување на работите.

Некои од донаторите веќе дадоа свој придонес кон програмата за итно обезбедување засолниште и имаат намера да продолжат со помошта за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците. Нови донатори со свои сопствени цели ќе се придружат во акцијата за поправка и реконструкција. Координацијата ќе им овозможи на донаторите да доделуваат и изведуваат проекти ефикасно и да ги вклучат сите подрачја кои треба да примат изедначен дел од средствата.

3.1 Координативно тело за поправка и реконструкција

Координацијата ќе се јави помеѓу потребите на загрозените фамилии, донаторите и агенциите на ЕУ/ОН, и имплементација и НВО што ќе помагаат. Координацијата ќе ги оптимализира работите за и од корисниците, агенциите на ЕУ/ОН/НВО и донатори.

Ефикасното информирање за работата ќе биде предуслов за ефектна координација, имајќи предвид дека илјадници загрозени корисници со оштетени и разрушени куќи ќе бидат вклучени во процесот. Координацијата ќе биде суштинска за обезбедување финансиски средства, за да се зачува временската рамка потребна за имплементација на програмите.

Донаторите, агенциите на ЕУ/ОН, НВО, локалната администрација од кризните подрачја и владината администрација ќе формираат Координативно тело за поправка и реконструкција на објектите и сообраќајниците во Македонија и тоа ќе одржува состаноци еднаш неделно.

3.2 Комитет за поправка и реконструкција

Донаторите, агенциите на ЕУ/ОН и владината администрација ќе формираат Комитетот за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците во Македонија (КРИМ). Доколку се јави потреба, Комитетот може да вклучи претставници од НВО и локалната администрација.
КРИМ ќе:

  • го поддржува конзистентниот развој на програмите за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците со препорачување проекти;
  • ја следи динамиката на реализацијата на проектот;
  • ги нагласува пропустити во помошта при поправката и реконструкцијата во однос на доделување финансиски средства, опфаќајќи ги подрачјата, на кои таа им е потребна, како и да предлага превземање на потребни иницијативи;
  • биде централен одбор за имплементација на проектите за поправка и реконструкција.
  • ги дефинира приоритетните подрачја за обезбедување помош за поправка и реконструкција;
  • го раководи со процесот за избор на корисници;
  • утврдува и препорачува проекти за поправка и реконструкција до донаторите;
  • ги решава проблемите со имплементацијата;
  • ги утврдува потребите; и
  • доставува извештај за резултатите.

КРИМ ќе се составува редовно и одржува состаноци најмалку еднаш неделно, со цел да се:

  • споделат информации во врска со поправката и реконструкцијата на објекти и сообракајници;
  • утврдат сите населби/општината, на кои им е потребна помош за поправка, а кои не се вклучени во програмите за поправка и реконструкција;
  • избегне дуплирање на проценките и имплементацијата; и
  • обезбедат и споделат информации за напредокот на проектите кои се во тек;

3.3 Тим за поправка и реконструкција

Тимот за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците во Македонија (ТРИМ) ќе ги елаборира планираните податоци за подготовка на програмите на донаторите. Податоците треба да бидат прилагодени врз точна основа и да го вклучуваат степенот на оштетување по општина и населени места, помошта обезбедена со програмите за обезбедување на итно засолниште и да понудат нови информации за ангажираноста на донаторите во поправката и реконструкцијата на објектите и сообракајниците.

ТРИМ ќе изгради мониторинг систем за процесот на поправка и реконструкција, ќе ја помага и води имплементацијата на проектите за поправка и реконструкција во согласност со општите основни принципи. Тимот за поправка и реконструкција ќе ја поддржува владината администрација во изградбата на суштински капацитети за навремена имплементација на проектите за поправка и реконструкција. Покрај тоа, тимот ќе одржува врска со актерите во однос на идентификација и имплементација на програмите и ќе ги подготвува потребните информации за донесувањето одлуки на Комитетот за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците.

Во работата на тимот за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците ќе биде вклучена и база на податоци со мониторинг систем кој ќе го следи развојот на програмите за поправка и реконструкција.

3.3.1 База на податоци / Географски информативен систем


Податоците обезбедени од проценителите ќе бидат внесени во базата на податоци за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците во Македонија (ДРИМ), а кои податоци ке се користат за координација на програмите за поправка и реконструкција. Исто така, ќе се создаде еден мониторинг информативен систем што ќе дава податоци за идентификација на предлози за проекти, податоци за реализација на градежни работи и за населените места, како и податоци за заложбите на донаторите и за распределбата на средства. Базата на податоци постојано ќе биде надградувана со податоците од мониторинг информативниот систем и ќе го проценува подобрувањето на програмите за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците. Покрај податоците за програмите потпомогнати од донатори, исто така ќе се собираат информации за членовите на програмите за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците поддржани од приватни субјекти.
ДРИМ, кој во иднина може да се прошири во информативен систем на Министерството за транспорт и врски, ќе собира информации за корисниците и проектите за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците. ТРИМ заедно со агенции/НВО, ќе ги подготват податоците и ќе ги достават на стандардни формулари за идентификација на корисниците, како и за информации за проектот. ТРИМ ќе ги обработи доставените податоци и ќе ги внесе прифатените информации во мониторинг информативниот систем. Податоците за реализацијата на проектот ќе се собираат на неделните координативни состаноци на агенциите/НВО.

ДРИМ ќе собира податоците за заложбите на донаторите. КРИМ ќе даде препорака за распределба на достапни средства во согласност со клучот за распределба и главните потреби.

3.3.2 Тимови за процена на штети


Формирањето на тимови за процена на штети на објекти и сообракајници ќе се одобри и потврди од Комитетот. Тимовите за процена на штети ќе вклучат:

  • 1 меѓународен водач на тимот;
  • мулти-дисциплинарен тим од инженери, по потреба;
  • 1 проценител во име на Владата
  • претставници од општината

Тимот може да се прилагоди и прошири во согласност со локалната ситуација.

3.4 Правен тим

Правниот тим ќе предлага мерки што ќе придонесат за процесот на проверка на имотните права. Правниот тим, ќе има дефинирани функции како за општ така и за правен совет во однос на имотните права и ќе го претставува Минстерството за транспорт и врски.

Правниот тим може да им помага на агенциите за имплементација во текот на проверувањето на имотните права на избраните корисници, што зависи од нивото на побарување и достапноста на ресурси. Ова опслужување ќе помогне за сигурност дека избраните корисници имаат право да ги поседуваат имотите кои се во прашање, но и дека има цврста правна основа за предложената поправка и реконструкција на објектите, преку проверка во катастарот или проверка на доказите за имотни права, според следната процедура:

  • ке се определи точниот вид на документација што е корисна во процедурата за верификација на правата на имот/сопственост,
  • списокот на корисници и достапната документација треба да се достават до правниот тим,
  • правниот тим ќе ја прегледа и оцени доставената документација,
  • ке се извршат проверки на документите, со цел да се верификува автентичноста и точноста на документацијата,
  • врз основа на достапната документација, ќе се обезбеди извештај што ги верификува имотните права на корисникот. Треба да се разбере дека овој извештај не претставува конечна одлука за имотните права на корисникот, туку дека тој ñ дава на агенцијата детална и независна потврда за правата на корисникот, во согласност со релевантните документи за имотот.

4. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОРИСНИЦИТЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТИТЕ

Идентификацијата на сопствениците на оштетените објектите ќе започне на локално ниво во населеното место. Список на корисници за одредено населено место ќе биде предложен од страна на НВО за имплементација, врз база на податоци од ТРИМ.

Стандардниот формулар за идентификација (Анекс Б), дефиниран од КРИМ, треба да биде пополнет од страна на секој корисник на оштетениот објект и доставен до општината. Еден примерок ќе се достави до Министерството. Овој список ќе ја вклучи идентификацијата на изложените корисници кои не можат да ги извршат поправките. Општината ќе има пет работни дена во кои ќе предлага дополненија на Списокот на корисници. Ако до крајот на овој период нема предложени дополненија, или ако општината се согласи со Списокот пред крајот на овој период, Списокот ќе стапи на сила. Ако се предложат дополненија, НВО за имплементација ќе има пет работни дена во кои ќе ги верификува овие предложени дополненија и за тоа ќе достави извештај до КРИМ. КРИМ ќе го определи конечниот Список, но неговото вклучување ќе биде потребно само ако дополненијата се предложени од општината.

Многу е веројатно дека споровите во врска со сопстеноста на недвижен имот исто така ќе продолжат во блиска иднина. Без никакво сомнение, овие спорови ќе создадат извесен број тешкотии во врска со програмите за помош за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците, а особено при селекцијата на корисниците. Земајќи ги во предвид околностите, ризикот земен за време на обезбедувањето помош за населението кое нема законски права на куќа која е во прашање е неприфатлив.

Треба да се обрне посебно внимание на фактот дека помошта планирана за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците ќе биде според доделените средства.

Проценката на штети ќе биде процес во 2 - чекори.

Во Чекор 1, тимовите за проценка на штети ќе изврши проценка на штетите за да може заедницата на донатори да добие преглед за проценетите трошоци за штетата и општините. Основната акција на тимовите за проценка на штети на објекти е во вршење на категоризација на објектите според степенот на оштетување.

Категоризацијата на штетите на објектите се врши во случај на воени разорувања затоа што голем број на оштетени објекти значи дека не е можно да се утврди сумата потребна за поправка посебно за секон објект но дека е потребно да се направи една општа проценка на штетата.

Штетите се ставени во 4 категории. Четвртата категорија ги вклучува како уништените објекти, така и оние кои не се целосно уништени, но нивните оштетување се толку големи што поправката не вреди. Описот на оштетувањата за секоја категорија е следениот:

  • Категорија У - Неоштетени, или минимална козметичка штета за која не е потребно никакво понатамошно внимание.

  • Категорија 1 - Мала штета како резултат на конфликтна активност, замена на оштетени покривни плочи и помала штета на покривот, опшивите, олуците и одводните олучни цевки, замена на стакла, крпење и боење ѕидови, замена и поправка на прозорски рамки и поправка на постоечката железарија, поправка на врати.

  • Категорија 2 - Воглавно незначителни, но со малку поголеми значителни штети. За отворите во ѕидови потребна е поправка со ѕидање, крпење и фарбање, поправка на некои внатрешни површини, одредени поправки наелектричната инсталација, замена на искршен санитарен прибор (клозети, писоари и тн), локализирана поправка на покривната конструкција, замена или поправка на покривката што недостасува на покривот, замена на прозорските рамки што недостасуваат и застаклување, монтирање на нова железарија, поправка/замена на врати.

  • Категорија 3 - Значително оштетени, но можат да се поправат. Обемни ѕидарски поправка, поправка или замена на конструктивни елементи, обемна поправка на внатрешни ѕидови и електрична инсталација, повторна монтажа на водоводни системи, поправка на конструкциите на покривот, нов покрив, потребна е проверка на оџакот, комплет повторна декорација внатрешно и надворешно.

  • Категорија 4 - Многу оштетени. Многу уништени, потребни се нови надворешни ѕидови и конструктивни елементи, комплет интериор - ѕидови, врати, подови и завршна обработка на ѕидови, сите електрични и санитарни инсталации, нова конструкција на покривот, калкани, покривка на покривот, изолација и оџак, нови прозори и довратници, железарија и застаклување. Веројатно економски не се исплатливи за потребната поправка и реконструкција.

Организаторот на работите за одредување на категорија на штетите мора да држи состанок со тимот. На состанокот треба да се изврши детална анализа на дадените описи на штетите за да се овозможи задачата за категориите на штетите да се изврши на еднаков начин.

Бројот на објектите одбрани за мострата дефинирана за секоја проценка на штета, зависи од вкупниот број на оштетени објекти. Процентот за дадена категорија која ќе се примени за глобална порценка на штети се пресметува ставајќи ги во однос проценетите трошци за поправка и набавната вредност. Степените на оштетување се утврдуваат на ист начин за целото подрачје во земјата.

Должност е на тимовите за проценка на штетите да обезбедат проценти што го означуваат обемот на штетата, кои за селектираните објекти, ќе определат која сума на средства се потребни за поправка на секој објект.

Во Чекор 2, деталните проценки на штетите ќе ги извршат агенциите за имплементација, што овозможува подготовка на Предмер и потребната документација со закон. Предмер пресметката за цените треба де се изработи врз база на основните позиции на работите, без разлика колку е стар објектот. Основните акции на тимовите за проценка на штетите на објектите се следните:

  • за објектите со оштетувања, при преглед на истите, тимот ги дефинира позициите и количините на специфичната работа, со што се одредува степенот на штетата.
  • конструктивните оштетувања на објектите се дефинираат со снимање на објектот, изработка на проект за постоечката состојба, предложени мерки за реконструкција на објектот, изработка на проект за примена со предмер и пред-проценка за дефинирање на цената на чинење.
  • За срушените и опожарените објекти, се снимаат основните параметри и се дефинира цената за расчистување на теренот, како и за изградба на соодветен објект со соодветен конструктивен систем.

За сите објекти се врши обработка на податоците и се дефинира степенот на штетата за одделни населени места и општини.

5. СТАНДАРДИ ЗА ПОПРАВКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА

Општите стандарди за поправка и реконструкцијата на објектите и сообракајниците ќе го хармонизираат приодот на сите донатори, НВО и локалните актери за постигнување, во рамките на достапните ресурси, на најшироко можно покривање на корисниците и подеднакво распределување на обезбедената помош.

Општите стандарди се однесуваат на обновата на оштетените домови и ново градење на куќи и се базираат на следниве принципи:

  • Поправката/реконструкцијата ќе го овозможи враќањето на фамилиите кон постојано живеење во рамките на изградбата на куката на сопствениците/законските корисници со нејзино вракање во првобитна состојба, ќе ги стабилизира животните услови за сегашните корисници и ќе обезбеди трајна заштита од дожд, ветар и студено време за корисниците и нивните лични работи;
  • Поправката/реконструкцијата во смисла на квалитет на материјалот и начинот на имплементација ќе бидат постигнати во согласност со моменталните закони и регулативи. Целата работа, било да е самопомош или друга, треба да се изврши во согласност со адекватен и општоприфатен професионален стандард.

Поправките и реконструкцијата ќе се извршат до следните стандарди, се до првобитната состојба на куќата, т.е. доколку објектите не биле првобитно до опишаните стандарди, тие ќе се поправат и реконструираат само до првобитната состојба.

Избраните објекти на корисниците, без разлика на степенот на оштетување кое го претрпеле во конфликтниот период, ќе бидат поправени или реконструирани за да се задоволат техничките решенија и спецификации за поправка/реконструкција, и тоа:

Покриви
- Реконструкцијата на целата покривна структура, вклучувајќи го и првобитниот покривен материјал или соодветна алтернатива. Висината на оџаците треба да биде минимум 50 см над гребенот од кровот. Термичката изолација според локалните услови треба да биде употребена доколку горниот кат е употребен. Хидро изолацијата треба да биде употребена доколку се живее во кровниот простор или доколку кровот е рамен. Олуците треба да бидат фиксирани во областите каде што дождовната вода се користи во домаќинствата или стреите во куќата се помалку од околу 20см широки. Сите отвори на поткровјето треба да бидат затворени за да се избегне подигнување на плочките од притисокот од ветрот.

Сите вентилациски канали треба да бидат водени преку кровната конструкција / материјал.

За станбените згради дополнително треба да бидат поправени / замените вентилационите канали, парапетските ѕидови и влезните врати и другите објекти / инсталации.

Станбените згради треба да бидат опремени со громобрани, доколку недостасуваат.

Надвирешни ѕидови
- Реконструкцијата на сите надворешни ѕидови, вклучувајќи ја и поправката на сите носечки греди и столбови, употребувајќи ги оригиналните материјали или соодветна алтернатива. Надворешните ѕидови треба да бидат малтерисани за да се покријат сите знаци на оштетеност, во врска со поправките, доколку останатите делови на зградата веќе се малтерисани.

Надворешни отвори - Прозорците кои недостигнуваат треба да бидат заменети во собите во кои ќе се живее, со прозорци од оригиналната големина, со термичко изолационо стакло со стакло со соодветна димензија. Прозорците може да бидат крилни или од крилен тип. Оштетените прозорци и рамки треба да бидат поправени и вградени со единечно стакло во соодветна димензија или термичко изолационо стакло - според локалната клима.

Надворешните врати, со стандардни брави, треба да бидат набавени за постоечките отвори. Вратите и прозорците треба да бидат избоени или заштитени со соодветна алтернатива.

Прозорците и надворешните/внатрешните врати треба да бидат набавени не само за собите во кои ќе се живее, но да бидат инсталирани на начин и во број кој обезбедува единица за живеење "заштитена од времето".

Останатите надворешни отвори мора да бидат затворени, како што е соодветно, од времето и од контакт. Во станбените згради треба дополнително да бидат поправени / заменети/ застаклени сите прозорци и врати во заедничките простории до првобитниот стандард.

Внатрешни врати - Внатрешните врати треба да бидат набавени за собите кои ќе бидат населени од домаќинството. Тие ќе бидат вградени, стандардни врати, или соодветна алтернатива, вклучувајќи ја и железаријата. Постоечките рамки за вратите треба да бидат повторно употребени, каде што е можно, и да бидат вградени со нови вратни крила.

Внатрешните врати треба да бида обоени или третирани употребувајќи соодветна алтернатива.

Внатрешни ѕидови - Внатрешните ѕидови во собите кои треба да бидат населени ќе бидат поправени, малтерисани и обоени со бела боја / емулзија.
Во станбените згради дополнително треба да бидат поправени ѕидовите во влезниот ходник и скалите.

Тавани - Таваните ќе бидат поправени, измалтерисани и обоени, во собите во кои ќе се живее, со истиот стандард како и ѕидовите.

Дрвените плочи кои се употребени за затворање на поткровјето / потпирање до ѕидовите, мора да бидат мин. 20мм дебели.

Онаму каде што таванот е на највисокиот кат, во поправката треба да биде вклучена и термичката изолација.

Подови - Бетонските подни блокови, на приземјето, треба да бидат од ½, катран и битумен, доколку на приземјето ќе се живее. Дрвените подови треба да бидат вградени и изолирани со термичка изолација (дебелината треба да биде соодветно проценета), доколку приземјето биде населено. Доколку катот кој треба да биде населен е повисок кат, ќе бидат вградени само нетретирани дрвени подови.

Во станбените згради подните материјали треба да бидат слични со состојбата пред оштетувањето. Тоа може да бидат винил плочки во кујната и ходникот, и паркет подови / теписи во дневната соба / спалните соби.

Кујна - Кујната треба да биде опремена со приближно 150 см комбинаторни елементи (може да бидат и помали каде што просторот е лимитиран), опремени со челично лавабо што не 'рѓосува, чешма(-и) и лимена површина. Керамичките плочки, или некој друг водоотпорен материјал, треба да бидат употребени над елементот, до висина од 45 см. Треба да биде набавен шпорет на дрва, доколку е потребно, доколку не е набавен од друг донатор / агенција.

Бања - Стандардот на бањите треба да биде приспособен на стандардот пред оштетувањето / традиционално во специфичната област / населба. Во бањата треба да биде вградено следното:

  • една туш кабина или када,
  • едно лавабо, заедно со чешмите,
  • еден 50 л. електричен бојлер, заедно со чешма / туш батерија,
  • една клозетска шолја од соодветен дизајн, комплетно со седиштето.

Подот во тоалетот/бањата треба да биде наместен со керамички подни плочки.
Керамичките плочки (или друг водоотпорем материјал) треба да бидат фиксирани околу кадата, или туш кабината / област од минимум 90х90 см, до висина од приближно 170 см над подот. Останатите ѕидови треба да бидат завршени со водотпорен материјал. Горните ѕидови треба да бидат обоени со емулзија / бела боја.

Водоводни инсталации - Оштетените / инсталациите кои протекуваат во живеалиштето, треба да бидат поправени / заменети.

Во случај на јавно снабдување треба да биде инсталиран мерач во покриена шахта.
Поврзувањето со јавните канали треба да биде проверено / да бидат повторно воспоставени во соработка со комуналното претпријатие. Доколку нема јавно снабдување, но дождовната цистерна или бунар и постоечката пумпа треба да биде поправена / поврзана / набавена. Поправката, чистењето и дезинфекцијата на собраната дождовна вода / бунар треба да биде набавена.

Електрични инсталации
- Разводната таблавклучувајќи го и главниот осигурач до мерачот, куќните осигурачи, различните прекинувачи и соодветен мерач треба да бидат инсталирани и подготвени за поврзување со јавното снабдување (ниско-волтна мрежа) со инсталирање на сетови куќни поврзувања (нормална инсталација за областа). Во случај на големо оштетување на плочата (кабината) во живеалиштето, одобрен надворешна кабина - со сите инсталации, треба да ја замени првата инсталација.

Доколку ниско-волтната мрежа е рехабилитирана во областа, кабелот со единечно повзување / кабелот на подот од плочата (кабината) до мрежата треба да биде поврзана / повторно воспоставена во соработка со комуналното претпријатие

Во секоја соба од приближно 15 м2, која треба да биде населена, треба да биде вградена едно светлечко тело, еден прекинувач за светло и два (во кујната 3) штекери. Собите поголеми од 15 м2 / или комбинираната кујна - дневна соба / соба во форма на Л, треба да бидат опремени со 2 светлечки тела, 2 прекинувачи и 3 штекери.

Бањата треба да биде опремена со водоотпорно светло, еден штекер (заштитен од поплава) (за машината за перење алишта) и прекинувач за стандардно светло / комбинација со бојлер. Сите прекинувачи за бањата треба да бидат поставени надвор бањата.

Горниот стандард се применува за штекерите / прекинувачот кога ќе биде измалтерисана собата. Во спротивен начин постоечката мрежа теба да биде рехабилитирана.

Во станбените згради дополнително треба да биде инсталирана одобрена централна дистрибутивна плоча со сета потребна опрема, вклучувајќи ја плочата со главните осигурувачи, два мерачи на тарифата за секој стан, еден за заедничките области, и саати за тарифите.

Инсталации за Гас - Доколку се веќе се достапни во живеалиштето, и доколку заштедуваат, инсталациите за гас кој се употребува за готвење и/или за загревање на живеалиштето, треба да бидат рехабилитирани во согласност со правилата и прописите.

Канализација - Оштетените / инсталации што протекуваат треба да бидат поправени / заменети.

Поврзувањето со јавниот канализационен систем треба да биде проверено / повторно воспоставено во соработка со комуналното претпријатие.

Доколку е потребно септичката цистерна / септичката јама, треба да се провери, треба да се исчистат и/или поправат.

Лифт - Постоечките лифтови треба да бидат поправени и да функционираат, во согласност со сите потреби за безбедност. Лифтовите исто така ќе бидат набавени со нови внатрешни безбедносни врати, доколку недостасуваат.

Термичка изолација
- Термичката изолација треба да биде инсталирана во согласност со националните стандарди. Поткровјата, мембраните, вентилационите празнини, итн. мора да бидат инсталирани во согласност со тековните стандарди.

Греење - Треба да биде набавена печка на дрва. Постоечкиот индивидуален централен систем за греење може да биде реновиран, доколку се смета дека ќе заштеди средства. Доколку собите што ќе бидат населени се сместени на различни катови, треба да бидат набавени посебни отвори за оџаците.

Во станбените згради заедничкиот централен систем за греење треба да биде поправен, каде што го има. Како минимум задолжителност, дневната соба, кујната, бањата, и доколку е можно спалните соби треба да бидат снабдени со соодветни радијатори. Доколку заедничкиот систем за греење нема да биде поправен/ не постои, треба да биде набавена печка на дрва - доколку постои оџак. Пожелно е поврзување со централното греење на округот, доколку е оперативен. Сите работи на јавната мрежа за греење, надвор од границите на станбената зграда, ќе бидат одговорност на други.

Конструктивни работи
: Во случај на оштета од висока категорија, новите структурни работи ќе бидат изведени на начин кој ќе одговара со тековните сеизмички правила во областа. Доколку структурните работи се изведуваат парцијално на веќе постоечката структура, работите треба да ја подобрат (каде што е можно) сеизмичката безбедност на структурата.

За станбените згради сите структурни работи ќе бидат вкалкулирани / димензионирани и надгледувани од квалификуван структурен инженер.

Хендикепирани лица
- Треба да бидат направени одредби за хендикепираните лица, доколку ги има во некое домаќинство. Скалите треба да бидат избегнати и заменети со рампи, каде што е можно. Распоредот во собите и димензиите на вратите треба да дозволуваат инвалидски колички. Понатамошните работи, доколку се потребни, треба да бидат изведувани за да одговараат на индивидуалните случаи и на тековните стандарди за хендикепирани лица.

Во станбените згради пристапот и употребата на јавните простори треба да бидат подобрени исто така, како дел од програмата за рехабилитација.

Стандардите за поправка или реконструкција на станбените згради ќе се употребуваат доколку донаторот / агенцијата за имплементација не ја специфицира / објасни јасно во својата проектна документација секоја измена (без изменување на вкупните цели или нивото на квалитет за поправка или реконструкција), во врска со предложеното ниво на стандарди.

Агенциите ќе обезбедат осигурување за квалитетот на професионалната имплементација на градежните активности, вклучувајќи ја и адекватната елаборација на проектите, ревизијата на истите и контрола на градежните работи. Агенции или имаат ангажирано овластен професионален персонал или соработуваат со овластени локални фирми за гарантирање на законска стандардна имплементација.

Агенциите ќе ја чуваат документацијата за проектите и извештаите за надгледувањето на имплементацијата во согласност со стандардните законски регулативи, потпишани од страна на овластените професионалци. Документацијата за проектите ќе биде достапна за надлежниот урбанистички оддел на МТВ.

Проектите за поправка или реконструкција ќе ја земат предвид веројатноста дека на објектите ќе им треба вертикално или хоризонтално проширување. Онаму каде што повторно се градат целосно уништени објекти, темелите и носечките елементи може да имаат капацитети за поднесување на товар со кои би прифатиле дополнителни темели и/или да бидат проширени. Ќе бидат земени предвид можни идни опции.

Локалните умешности и капацитети (Анекс Д)ќе се развиваат и поддржуваат до најголем можен степен.

6. ПРОЦЕДУРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

6.1 Стратегии за имплементација

Стратегиите за имплементација ќе се применат за спроведување на помогнатата поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците. Постои широк опсег на опции за имплементирање на програмите за поправка и реконструкција на објектите и сообракајниците и сметаме дека дефинирањето на параметрите во чии рамки ќе се додели помошта и препораките за стратегии кои би биле најсоодветни за одредени групи треба да ги одреди КРИМ.

Стратегијата за имплементација треба да:

  • обезбеди соодветна правна основа за работи за поправка/реконструкција,
  • осигура дека корисникот е законски сопственик на објектот,
  • осигура дека луѓето ќе се вратат во објектот што е реконструиран за таа цел и да се избегне една фамилија да добие помош за повеќе од една куќа.

Постои широк опсег на опции за имплементација на програмите за реконструкција, но најмногу се употребуваат две различни стратегии, кои би можеле да се користат за испорака на помош, и тоа се договорена реконструкција и помогната реконструкција.
Овие две различни стратегии дефинираат еден многу широк обем на можни интервенции; но неколку критични критериуми се презентираат себеси, кои се релевантни на сите опции. Овие критериуми го вклучуваат потребниот степен на вклученост на агенцијата за имплементација, потребниот степен за учество на корисниците, логистички потреби, здружени трошоци, пристап до подрачјата и временска рамка.

Стратегиите вклучуваат набавка и распределба на материјали како еден придонес во натура за корисниците, додека други бараат обезбедување ваучери за да му се овозможи на корисникот да одлучи за точната мешавина од купени материјали, и земаат целосна одговорност за набавка и транспорт.

6.1.1. Договорена поправка или реконструкција

Оваа стратегија вклучува изведувач за реконструкција на стамбениот објект и не набавува само материјали, но исто така квалификувана работна рака за корисникот. Стратегијата е најсоодветна за загрозената популација во руралните подрачја кои немаат средства или вештини да извршат реконструкција на сопствената куќа. Императив е да се направи договор со јасни и применливи пенали за пропуштање на одредените датуми и слаб квалитет на работата.

6.1.2. Помогната поправка или реконструкција

За помогната реконструкција постои широк избор на опции, но најупотребувани се долу наведените. Оваа стратегија може да биде само помош со материјали обезбедени на местото, само помош со материјали во централно депо, ваучер систем и распределб ана готивински средства.

6.1.2.1. Стратегија за самопомош со материјали обезбедени на местото е стратегија за имплементација, каде агенција за имплементација посетува една заедница и утврдува, врз основа на домакинство, кои материјали се потребни. Агенцијата за имплементација зема одговорност за транспортирање на стоките до населените места, и обично исто така е одговорна за набавка и складирање. Ова е една од клучните стратегии за помогната реконструкција.

6.1.2.2. Стратегија за самопомош со материјали во централно депо опфаќа собирање на градежни материјали од кое издава материјал на агенцијата за имплементација, групи на заедници и други баратели. Таа се базира на две претпоставки: прво, дека депото ќе содржи градежен материјал за кој може да се достават барања и не е едноставно здружено складиште за одредената агенција за имплементација. Барањата се доставуваатѕ од страна на субјектите што бараат, одобрени од КРИМ а транспортот на материјали се организира од страна на барателот, или средства за транспорт финансирани од донатори. Во најголем број случаи, агенцијата за имплементација или групата на заедницата бара материјали на големо, а не самите поединци. Стратегијата за самопомош, на депо, се препорачува особено во прилики каде е критично да се транспортира и прима голема количина материјали за секундарна расдпределба кога локалните набавувачи не се користат.

6.2. Механизам за имплементација


Генерален механизам за имплементација ќе биде следниот:

  1. Се врши проценка на штетата од страна на ТРИМ;
  2. Агенцијата за имплементација ќе предложи список на корисници за дадено село, врз основа на податоци од ТРИМ, и ќе го достави до одговорната општина. Копија ќе се достави до министерството. Во овој список ќе бидат вклучени имињата на загрозени корисници кои не се во можност да ги извршат поправките.
  3. Општината ќе има пет работни дена во кои ќе предложи дополнение на списокот на корисници. Ако не се предложат никакви амандмани до крајот на овој период или ако општината се согласи со списокот пред крајот на овој период, списокот ќе стапи во сила. Доколку се предложат дополненија, агенцијата за имплементација ќе има пет работни дена за да ги верифицира овие предложени дополненија и да достави извештај за своите наоди до правниот тим;
  4. Го проверува легалниот статус за сопственост на куќата, и доставува список до КРИМ;
  5. КРИМ ќе го одреди конечниот список, но неговото вклучување ќе биде потребно само ако дополненијата се предложат од страна на општината;
  6. Користејќи го конечниот Список на корисници, агенцијата за имплементација ќе ги процени потребните работи во секоја куќа за постигнување на дефинираните стандарди;

6.2.1. За куќи оштетени од категории 1 и 2

  1. Агенцијата за имплементација ќе изврши детална проценка на оштетувањето на куќата, а потоа, потребните материјали ги договара со корисникот;
  2. Агенцијата за имплементација склучува би-партитен договор (Анекс Ц) со корисникот);
  3. Агенцијата за имплментација и корисникот потпишуваат за испорака на материјали;
  4. Корисникот ги извршува опишаните работи. За корисници идентификувани како загрозени, работите ги извршуваат изведувачи назначени од агенцијата за имплементација.
  5. Агенцијата за имплементација го надгледува квалитетот на објектот.

6.2.2. За куќи оштетени од категории 3 и 4

  1. Агенцијата за имплементација ќе изврши детална проценка на оштетувањето на куќата, а потоа, потребните работи или материјали ги договара со корисникот;
  2. Агенцијата за имплементација ќе изготви проект за постоечката состојба, ќе предложи мерки за реконструкција на објектот, ќе изработи проект за реализација со предмет, и од име на сопственикот, ќе учествува за услови и дозволи за градење во надлежната подрачна единица во рамките на Министерството за транспорт и врски.
  3. Агенцијата за имплементација ќе склучи три-партитен договор (Анекс Ц) со корисникот и министерството.
  4. Агенцијата за имплементација и корисникот потпишуваат за доставувањето на работите или материјалите.
  5. Корисникот или изведувачката компанија ги извршува опишаните работи.
  6. Агенцијата за имплементација го надгледува квалитетот на објектот и ја потврдува градбата.

6.3 Законска основа за издавање на документација за градење

Основа за издавање на потребната документација за градење на објектите е утврдена во одредбите на членовите 31 и 32 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Сл. весник на РМ", број 4/96, 28/97, 18/99 и 53/01) и во одредбите на членот 19 од Законот за изградба на инвестициони објекти ("Сл. весник на РМ", број 15/90, 11/91, 11/94 и 18/99).

Во согласност со горе наведената законска регулатива, Министерството за транспорт и врски, по барање на агенцијата за имплементација во име на сопствениците на оштетените објекти, ја издава следнава документација за градење, што зависи од степенот на оштетеноста на објектите:

  • услови за градба за реконструкција на објектите;
  • одобрение за градење за реконструкција на објектите; и

6.3.1. Помали и поедноставни градежни работи (Категорија 1 и 2)

Со цел за изведувањето на помали и поедноставни градежни работи, опишани во одредбите од Правилникот за дефинирање на поимот помали и поедноставни објекти ("Сл. весник на РМ", број 26/91) се сметаат сите градежно-занаетчиски и завршни работи на објектите, инсталациите за водовод и канализација, инсталациите за електрика, греење и климатизација на станбени згради до 4 -ри спрата и помали деловни и јавни објекти со вкупна површина до 600 м2 , сопственикот на објектот нема обврска да прибави документација за градење (услови за градба и одобрение за градење).

6.3.2 Реконструкција на објекти (Категорија 3 и 4)

Поимот "реконструкција", според одредбите на членот 9 од Законот за изградба на инвестициони објекти, значи изведувањето на работи на постоечки објект, на кој се врши санација, адаптација, со која значително се менува конструктивниот систем или изведувањето на други работи на објектот, ако тие работи влијаат врз стабилноста на објектот, безбедноста на соседните објекти, сообраќајот и заштитата на животната средина, заштита од пожари, здравјето и животот на луѓето, режимот на водите, природните реткости и на спомениците на културата, односно, тие ги менуваат условите под кои е одобрена изградбата на објектот.

6.3.2.1 Услови за градба


Условите за градба на објектите се издаваат исклучиво за населените места кои располагаат со важечка урбанистичка документација, и тоа:

  • населено место со важечки Генерален урбанистички план;
  • населено место со важечки Детален урбанистички план;
  • населено место со важечка урбанистичка документација донесена според член 25 од Законот за просторно и урбанистичко планирање; и
  • населено место со утврден опсег за градење (градежен реон) и со утврден начин и услови за градење на објектите

Условите за градба, за населените места кои располагаат со Детален урбанистички план, се издаваат директно според планските определби на планот, дадени во текстуалниот (одредби за реализација) и графичкиот дел на истиот.

Со цел за издавањето на условите за градба, сопственикот на објектот е должен да поднесе барање со технички опис на работите кои се предмет на реконструкцијата на објектот, до надлежната Подрачна единица на Министерството за транспорт и врски;
Условите за градба, за населените места кои располагаат со Генерален урбанистички план, урбанистичка документација и утврден опсег за градење, се издаваат врз основа на претходно изработен урбанистички проект.

Со цел за издавањето на условите за градба, сопственикот на објектоте должен да поднесе барање со технички опис на работите кои се предмет на реконструкцијата на објектот и урбанистички проект, изработен согласно одредбите на членот 32, став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, до надлежната Подрачна единица на Министерството за транспорт и врски

6.3.2.2 Одобрение за градење
По соопштувањето, односно, издавањето на условите за градба сопственикот на објектот е должен да поднесе барање со инвестиционо - техничка документација (главен проект кој треба да ги содржи фазите, односно работите кои се предмет на реконструкцијата) и доказ дека тој е сопственик на предметниот објект, до надлежната Подрачна единица на Министерството за транспорт и врски
Напомена: Доколку станува збор за објект изграден без претходно издадено одобрение за градење на објектот (безправно изграден објект), органот треба да утврди дали тој објект е во согласност со важечката планска документација и доколку е така, да издаде одобрение за градба за целиот објект согласно член 19 од Законот за изградба на инвестициони објекти, при што, инвеститорот, односно сопственикот на објектот е должен да ги плати и надоместоците предвидени за изградба на нов објект, предвидени во членот 36 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и член 19, став 1, точка 5 од Законот за изградба на инвестициони објекти.

6.3.3 Техничка исправност на објектот

Според одредбите на членот 28, став 6 од Законот за изградба на инвестициони објекти, утврдено е дека за објектите кои не се од јавен интерес одредено со Закон, техничката исправност на објектот ја потврдуваат лицата кои вршат стручен надзор, со записник, кој се доставува до надлежниот државен орган кој го издал одобрението за градење, а со записникот се констатира дека објектот може да се употребува.

Nazad kon Pomosh