Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together

  Македонски Центар за Меѓународна Соработка

За сајтот: AID MACEDONIA
се подготвува од МЦМС
со прилози и документи од други извори

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја започна работата на интернет сајтот Aid Macedonia за да се придонесе во подобреното информирање за хуманитарните аспекти на кризата во Македонија. Целта е да се обезбедат соодветни информации за: потребите од хуманитарна помош; достапната и доделената помош (односно, спроведените хуманитарни активности); како и за организациите вклучени во хуманитарните активности; и тие информации да бидат достапни за релевантните актери во хуманитарниот одговор на кризата и за општата јавност.

Информациите достапни тука се обезбедени од МЦМС (со присуство на координативни состаноци, посети на терен, свои документи) и од други извори (наведени во самиот документ или во врската кон документот). МЦМС е отворен за соработка и Ве повикува да придонесете во збогатувањето на содржините. Одговорноста за објавените содржини останува на изворот на информацијата.
МЦМС го задржува правото на селекција на информациите кои ќе се објавуваат.

Материјалите кои на кој било начин предизвикуваат, разгоруваат или промовираат национална, расна и верска омраза, раздор или нетрпеливост, нема да бидат објавувани. Исто така, материјалите објавени на овој сајт, не смеат да се користат на друго место за тие цели. Материјалите (текстовите и фотографиите) може слободно да се користат за непрофитни, академски и образовни цели. За профитни цели, треба да се добие писмена дозвола од МЦМС, односно од изворот на информацијата.

Информациите се подготвуваат на македонски и на англиски јазик. Дел од информациите и документите се достапни само на еден од овие два јазика. Во таков случај, тоа е нагласено покрај името или во врската до документот.

За МЦМС
Gragjanski Svet

Nazad kon Novostite