Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

5 септември 2002
Почна деминирањето на Попова Шапка
Екипи за расчистување мини и неексплодирани направи почнаа со нивни активности, откако претходно Европската унија за овој проект додели 1,9 милион евра.
Повеќе »

5 септември 2002
Започнува реконструкција на оштетните куќи
Во текот на месецот Европската агенција за реконструкција ќе започне со реконструкција на 200 оштетени куќи од трета и четврта категорија во Арачиново и регионот на Чечер Сандево.
Повеќе »

2 јули 2002
Продолжува реконструкцијата на куќите во Арачиново и Орланци
Грчката невладина организација Европска перспектива привршува со работите околу реконструкцијата на оштетените куќи во Арачиново и Орланци, скопско. Повеќе »

21 јуни 2002
Продолжува обновата на инсфраструктурата
До сега е извршена реконструкција на вкупно 875 куќи (од сите категории), додека до крајот на јули се очекува тоа да биде сторено со уште стотина куќи, а за ова да бидат вложени вкупно 4,1 милиони евра. Повеќе »

14 јуни 2002
Заврши враќањето на полицијата во Тетовско
Во тетовските села Порој, Џепчиште, Ѓермо, Вејце, Шемшово, Озормиште, Палатица и Требош заврши временско ограниченото патролирање на етнички мешаните полициски патроли. Така се исполнија условите за 24 часовно присуство на полицијата во тие села и со што се заокружува процесот на реинтеграција на сите 72 населени места во тетовскиот регион. Повеќе »

28 маj 2002
Тули и вар за поправка на куќите во Брест
Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) дистрибуира два камиони хуманитарна помош во тули и вар за поправка на оштетените куќи во селото Брест, скопско. Во селото се евидентирани 48 куќи од прва и втора категорија, а 34 од трета и четврта категорија. Повеќе »

22 маj 2002
Пронајдени неексплодирани мини во Лавце и Алашевце
Претставниците на мисијата на НАТО "Килибарна лисица" во Република Македонија во атарот на селото Лавце, тетовско, пронајдоа антитенковски мини и неексплодирани експлозивни средства, кои ги уништиле на самото место. Инаку минатата година по воените судири во ова село претставници на ИТФ вршеа чистење на теренот. Повеќе »

17 маj 2002
Продолжува реконструкцијата на оштетните куќи
Невладината грчка организација Европска перспектива продолжува со поправка и реконструкција на оштетените куќи за време на минатогодишниот конфликт во нашата земја. Нивните активности се реализираат во селата Арачиново и Орланци, скопско. Повеќе »

26 март 2002
Активности на ФАО 
Светската организација за земјоделие (ФАО) во рамките на програмата за дистрибуирање на семе и ѓубриво, во текот на последните месеци од минатата година, помогнати се околу 12,700 земјоделци. Повеќе »

13ти март 2002
307 милиони евра за Република Македонија 
На Донаторска конференција во Брисел, на која учествуваа 38 земји и 19 меѓународни организации, Република Македонија доби 307 милиони евра.
Повеќе »

6ти март 2002
Дистрибуирана помош за училиштето во Лопате
Во кумановското село Лопате дистрибуирана е помош во училишен мебел за опремување на основното училиште "Маршал Тито", во кое настава ја посетуваат 493 ученици, етнички Македонци и Албанци. Инаку донацијата е на Канцеларијата на УНИЦЕФ и на холандската Амбасада во Република Македонија.
Повеќе »

20ти февруари 2002
УНИЦЕФ дистрибуира училиштен материјал
Со средства од холандската влада и од Одделот за меѓународна соработка на владата на Велика Британија, УНИЦЕФ опремува и е во процес на дистрибуција на мебел за основните училишта во регионите опфатени со кризата, како и за училиштата кои имаат потреба од тоа.
Повеќе »

12ти февруари 2002
Хуманитарна помош за раселените лица
Црвениот крст на град Скопје од 11 па до 22 овој месец ќе почне со дистрибуција на хуманитарна помош за раселените лица сместени по семејства домаќини.
Дистрибуцијата на помошта ќе се врши во магацинот “Момин поток” од 8 до 16 часот.

8ми февруари 2002
Храна за липковско
Хуманитарната организација Ел хилал денес ќе дистрибуира 15 тона храна и хигиенски материјал за потребите на населението во Липковскиот регион, поточно во селото Оризаре.

8ми февруари 2002
Продолжуваат активностите на УНХЦР
Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации продолжуваат со нивните активности околу дистрибуцијата на дрво за огрев. на 7 февруари е дистрибуирано 154 м³ дрво за огрев за 77 семејства од Виштица, 240 м³ за Горно Свиларе и 60 м³ за Долно Свиларе.
 
Повеќе »

7ми февруари 2002
Почна дистрибуцијата на сточна храна
Шпанската организација МПДЛ во текот на неделата почна со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во кризните региони. Во тек е постапката за финализирање на списоците на корисниците на Министерството за земјоделство и водостопанство во координација со Светската организација за земјоделство (ФАО).
Повеќе »

7ми февруари 2002
Градежен материјал за оштетените куќи во Арачиново
Европска перспектива, грчка невладина организација, со донација од Министерството за надворешни работи на Грција, ги заврши двата започнати проекти. Едниот е дистрибуција на градежен материјал за 94 семејства домаќини низ земјава, а другиот е градежен материјал за 11 семејства во Арачиново.
Повеќе »

6ти февруари 2002

УНХЦР обезбеди дрво за огрев за населението во кризните региони
Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации во тек врши дистрибуција на дрво за огрев за населението во кризните региони, како и за раселените лица од Танушевци кои се сместени во семејства домаќини. На 4 февруари е дистрибуирано 160 м³ дрво за огрев за 80 семејства од Оризаре и на 5 февруари 174 м³ за 80 семејства од Ропаљце, од кумановскиот регион.  Повеќе »

5ти февруари 2002

УНИЦЕФ ја заврши дистрибуцијата на училишни комплети
УНИЦЕФ дистрибуираше учебници, ученички чанти, тетратки, гуми и моливи за учениците од основните училишта кои ја следат наставата во кумановскиот и тетовскиот кризен регион и скопските села Љуботен, Арачиново и Радуша.Со училишни комплети беа снабдени и раселените деца кои се наоѓаат во Скопје, како и во другите градови низ земјава. Повеќе »

10ти декември 2001

Заврши дистрибуцијата на градежен материјал
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 7 декември заврши со дистрибуцијата на градежен материјал за поправка на оштетните куќи во кризните региони. Така на 6 – 7 декември се дистрибуирани последните пратки со градежен материјал за селата Радуша и Отља. Повеќе »

27ти ноември 2001

Градежен материјал за Отља и Радуша
По извршената проценка на оштетените куќи во селото Отља, Кумановско, Македонскиот центар за меѓународна соработка, денес (27.11.2001г.), почна со дистрибуција на градежен материјал за поправка на оштетените куќи од прва категорија. Повеќе »

Дистрибуција на сточна храна во Тетовско
Македонскиот центар за меѓународна соработка денес во селата од тетовскиот регион, Лешок и Непроштено, ќе дистрибуира сточна храна за 190 корисници.
Повеќе »

Храна за жителите од Мојанце
Хуманитарната организација Ел хилал за потребите на жителите од село Мојанце, ќе дистрибуира 3 тона основна храна. Повеќе »

Активности на УНХЦР
Високиот комесаријат за бегалци при ОН, земајќи го предвид заладувањето на времето, вчера и денес дистрибуира дрва за огрев за семејствата во Непроштено.
Повеќе »

26ти ноември 2001

Заврши дистрибуцијата на градежен материјал во Матејче
Македонскиот центар за меѓународна соработка минатата недела
(23 ноември) заврши со дистрибуција на градежен материјал за 172 корисници во село Матејче. Повеќе »

Помош за оштетените куќи во Битола
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 24 ноември дистрибуира градежен материјал за оштетените куќи од прва и втора категорија. Повеќе »

15ти ноември 2001

Дистрибуција на храна и хигиенски производи
Хуманитарната организација Ел хилал за потребите на жителите од скопските и кумановските села дистрибуираше прехранбени и непрехранбени производи.
Повеќе
»

Облека за раселените лица
Каритас од Германија - Ессен откако се променија временските услови, земајќи предвид потребите на раселените лица, им излезе во пресрет обезбедувајќи им облека. Повеќе »

14ти ноември 2001

Суспендирани активностите на хуманитарните организации во Тетовско
Поради влошената состојба во тетовскиот регион, откако на 11 ноември во Требош беа убиени тројца припадници на специјалните сили на Република Македонија, агенциите на ОН имаат забрана за движење и спроведување на активностите.
Повеќе »

8ми ноември 2001

Продолжува чистењето на теренот од мини
Екипа за деминирање вчера вршеше откривање и отстранување на мини и други експлозивни направи во селото Лешок, додека друг тим работеше во селото Теарце.
Повеќе »

Дистрибуција на градежни материјали во липковско
Македонскиот центар за меѓународна соработка продолжува со активностите за поправки на куќи во Матејче, кумановско. Денес ќе бидат дистрибуирани пет илјади ќерамиди за 55 корисници. Повеќе »

Помош во храна за ВРЛ и семејства домаќини
Шпанската хуманитарна организација Movimento por la paz el desarme y la libertad (MPDL) во текот на изминатите два дена вршеше дистрибуција на пакети со свежа храна, донација од ECHO, за колективните центри во Катланово и Шуто Оризари.
Повеќе »

7ми ноември 2001

Започна учебната година во Матејче
Македонскиот центар за меѓународна соработка покрај дистрибуцијата на градежен материјал за поправка на 172 куќи од прва категорија во Матејче, успеа да рехабилитира шест училници во ОУ “Култура”, за да може да започне новата учебна година. Повеќе »

Дистрибуција на пакети за повратници во тетовско
Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) денес ќе дистрибуира пакети за повратници (душеци, ќебиња, кујноски прибор, канистри за вода идр.), 50 пакети за Лисец и 15 во Гајре.

5ти ноември 2001

Презентиран Акциониот план за реконструкција на Координативното тело
Координативното тело за справување со кризи, по направените проценки на стручните тимови, го презентираше Акциониот план за реконструкција на оштетените објекти во кризните региони, како и штетите во стопанството. Повеќе »

МЦМС почна со поправките на оштетеното училиште во Матејче
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со УНХЦР на 5 ноември почна со дистрибуција на градежниот материјал за поправка на оштетените куќи во село Матејче. Повеќе »

УНХЦР дистрибуира пакети за повратници
УНХЦР денес ќе дистрибуира 230 пакети за повратници за жителите на село Опаје. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства.

2ри ноември 2001

За семејствата кои згрижиле раселени лица по 70 ГМ месечно
Швајцарската влада преку организацијата Swiss Disaster Relief (SDR), за околу 4,000 семејства кои за време на кризата во нивните домови згрижиле раселени лица, ќе донира парична помош од по 70 германски марки месечно. Проектот е ретроактивна програма и ќе го опфати периодот од месец мај до август оваа година. Исплатата треба да започне на 5 ноември. Повеќе »

1ви ноември 2001

Помош за жителите на Липково и Селце
Хуманитарната организација Ел хилал денес вршеше дистрибуција на помош за жителите на Липково, составена од 650 јоргани, 600 ќебиња како и зимска облека. Исто така дистрибуирани се 150 пакети за повратници (ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства) за жителите на Селце, Tетовско.

30ти октомври 2001

Заврши отстранувањето на експлозивните направи во Лавце
Тимовите за деминирање, составени од босански и словенечки експерти, во текот на вчерашниот ден спроведуваа активности на откривање и отстранување на експлозивни направи во населените места и патните правци на селата Лешок, Непроштено и Теарце. Повеќе »

Продолжуваат активностите околу поправката на електричната мрежа
Екипи на “Електростопанство на Македонија” вчера вршеа увид на електричните мрежи во 16 села во општина Липково и регистрирање на оштетените далноводи и прекинати кабли. Повеќе »

29ти октомври 2001

Ќерамиди за оштетените кровови во Радуша
Македонскиот центар за меѓународна соработка во склоп на својата програма за поправка на живеалишта, на 23 и 27 октомври дистрибуираше 7,500 ќерамиди за оштетените кровови од воените дејствија во село Радуша. Со дистрибуираната помош се опфатени вкупно 110 корисници.

Заврши проценката на оштетените од прва категорија во Матејче

Во село Матејче, кумановско, Македонскиот центар за меѓународна соработка заврши со проценката сите 180 оштетени куќи од 1 категорија, како и на училиштето. Деновиве се очекува да почне дистрибуцијата на градежните материјали за поправка на оштетените куќи.

МЦМС и Ел хилал дистрибуираат пакети за повратници
Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира пакети за повратници (раселени лица кои се враќаат во своите домови) од УНХЦР за 570 семејства за селата Жеровјане, Боговиње, Пирок и Лавце. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства.
Повеќе »


23ти октомври 2001

Се отвори НВО саемот
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Католичките служби за помош (CRS) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од 23 до 25 октомври во хотелот Александар Палас организираат саем на невладини организации во Македонија. Повеќе информации можете да најдете на on-line билтенот на НВО саемот. Повеќе »

18ти октомври 2001

Извршена проценка на објекти во Тетовско
Една екипа на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка со два архитекти на 17ти октомври беше во посета на селата во Тетовско, каде извршија проценка на оштетените куќи и училишта. Извршена е проценка на училиштата во Слатино, Глоѓи и Нераште, како и куќите од прва и втора категорија во Беловиште, Рогачево, и Глоѓи. Повеќе »

FAO и Американската влада обезбедија средства за надоместување на штетите во земјоделието
Организацијата за храна и заемјоделство при Обединетите нации (FAO) обезбеди дистрибуција на првите пратки со зимска семенска пченица и вештачко ѓубриво, помош наменета за македонските земјоделци од подрачјата погодени со воени дејства и суша. Проектот кој треба да започне утре е во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Земјоделските здруженија од Македонија и хуманитарните организации "Care" и "Acteltd".
Повеќе
»

17ти октомври 2001

Експертите го започнаа деминирањето во Тетовско
Две екипи од пеесет експерти, Босанци и Словенци, во тетовскиот регион почнаа со откривање и отстранување на експлозивните средства. Тие почнаа да ги контролираат патните правци Лешок-Жилче, Јегуновце-Пршовце и другите сообрачајници во општините Теарце, Јегуновце и Џепчиште.

Оваа недела ќе се врши деминирање на локалните, односно полските патишта, како и по нивите каде што имало воени дејствија.

15ти октомври 2001

Почнува деминирање на патните правци во Тетовско

На подрачјето на Тетово, во регионот на општините Џепчиште, Теарце, Вратница и Јегуновце, од денеска ќе се врши пребарување и деминирање на патните правци и населените места. Деминирањето ќе се врши и на патниот правец Тетово-Јажинце и на страничните патни правци. Повеќе »

12ти октомври 2001

Достапни податоците на ИМГ од проценката на штетите

International Management Group (IMG), ги заврши проценките на штетите предизвикани за време на вооружените конфликти во Македонија, од март до септември 2001 година. ИМГ процени околу 60% од оштетените објекти и инфраструктура (куќи, училишта, амбуланти, електрична и водоводна мрежа). За подрачјата кои не се посетени, направени се проценки за претпоставени штети. Повеќе »


11ти октомври 2001

Започнува првата фаза на поправка на училиштата
На последниот координативен состанок на UNICEF, беа утврдени можностите за поправка на оштетените училишта во кризните региони. Во првата фаза ќе бидат рехабилитирани десет училишта (вкупно 12 објекти), додека во втората фаза девет (13 објекти). Повеќе »

Извршена начелна поделба за поправки на куќи
По извршената проценка на оштетените куќи во Скопско, Кумановско и Тетовско, повеќе организации искажаа подготвеност да учествуваат во поправката на куќите. Меѓународен комитет за спас/International Rescue Committee (IRC) ќе врши поправки во Кумановско (6 села) и Тетовско (Лисец и Гајре) Повеќе »

5ти октомври 2001

Почна проценката на здравствената ситуација во кризните подрачја
Министерството за здравство и Светската здравствена организација, денес почнаа проценка на здравствената ситуација во кризните подрачја. Беа формирано 13 тимови: Тетовско (5), Скопско (5) и Кумановско (3), кои треба да проценат 98 објекти. Повеќе »

ЕУ обезбеди дополнителни средства за поправка на оштетените куќи
Вчера во Македонија пристигна еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен, кој потпиша договор со британската НВО Children's Aid Direct за реконструкција на оштетените куќи во кризните подрачја во Македонија. Повеќе »

Донација од 10,5 милиони евра за санација на штетите на електроенергетската инфраструктура

Вчера генералниот директор на Електростопанството на Македонија (ЕСМ), Ламбе Арнаудов и еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен, потпишаа Договор за донација на 10,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за санација на штетите на електроенергетската инфраструктура, што беа предизвикани од воените дејствија во кризните региони. Повеќе »

4ти октомври 2001


Одржана работилница за брза проценка на здравствената ситуација во конфликтните подрачја
Вчера, во организација на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, беше организирана еднодневна работилница на тема “Брза проценка на здравствената ситуација во конфликтните подрачја”. Повеќе »

3ти октомври 2001


Основан Комитет за поправка и реконструкција
Денес, во Министерството за транспорт и врски се формираше Комитетот за поправка и реконструкција на (CRIM), кој го сочинуваат претставници од Министерството за транспорт и врски, Европската Унија, Амбасадата на САД, УНХЦР (Високиот комитет за бегалци на обединетите нации), IMG (Меѓународна менаџмент група) и агенциите кои ќе ги спроведуваат активностите: Македонскиот центар за меѓународна соработка, IRC (Меѓународниот комитет за спас), SNI (Засолниште сега интернационал), Mercy corps и Movimondo. Повеќе »

28ми септември 2001


Амбасадорот Ајник (САД) во посета на раселените лица

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Мајк Ајник, денес ги посети раселените лица во колективниот центар Олимписко село во Скопје, каде што во моментот се сместени 360 лица од Тетовското кризно подрачје, главно од општината Теарце. Повеќе »

Враќање на раселените лица во Липково
За поттикнување на враќањето на раселените лица во Липково, деновиве е основан Одбор за нивно организирано враќање. Повеќе »

27ми септември 2001


Градење на мерки на доверба во тетовско
По неколкумесечните воени дејствија во северозападниот дел на земјата, веќе започнаа првите контакти на луѓето од различна етничка припадност. Повеќе »

24ти септември 2001


Подготвена стратегијата на Владата за обнова на објектите

Координативното тело за справување со кризата при Владата на Република Македонија, ја изготви "Стратегијата за поправка и реконструкција на оштетените објекти и патишта во кризните подрачја".Повеќе »

Европската унија ќе ја започне реконструкцијата на куќи во општина Теарце
Европската Унија најавила започнување на поправките на оштетените куќи во општина Теарце, вклучително селата Теарце и Лешок.Повеќе »

20ти септември 2001

Почна поправката на оштетените објекти
Македонскиот центар за меѓународна соработка почна со активностите од програмата за поправка на објекти, (индивидуални куќи и јавна инфраструктура) со мали оштетувања. Активностите се состојат во обезбедување материјали за поправка на оштетувањата. Повеќе »


Донација од Јапонија за раселените лица
Амбасадата на Јапонија во Република Македонија соопшти дека нивната влада додели милион долари помош за раселените лица во Македонија. Помошта ќе биде дистрибуирана преку Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународниот црвен крст (ICRC). Повеќе »


18ти септември 2001

Започнување на поправката на објектите оштетени во конфликтот
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) започна со активностите од својата програма „Враќање на раселените лица„. Ова програма меѓу другите активности вклучува и поправки на објектите, индивидуални станбени објекти и објекти од јавната инфраструктура, со мали оштетувања. Повеќе »


Промоција на Интернет сајтот "Aid Macedonia"
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја започна работата на интернет сајтот Aid Macedonia за да се придонесе во подобреното информирање за хуманитарните аспекти на кризата во Македонија. Повеќе »


12ти септември 2001

Координативното тело го презентираше акциониот план
Координативното тело за справување со кризи при Владата на Република Македонија го презентираше акционит план за финансирање на приоритетните пројекти за реконструкција и санација на штетите настанати за време на конфликтот во Македонија. Европската Унија ќе издвои 30 милиони евра за оваа намена и се очекува тие да бидат одобрени од Европската комисија. Повеќе »

10ти септември, 2001

Реконструкција на училиштето во Брњарци

Во рамките на активностите од програмата "Македонска криза" МЦМС започна со спроведувањето активности кои имаат за цел да придонесат во обновувањето на животот во подрачјата зафатени со неколкумесечните вооружени конфликти во Македонија. Повеќе »

Back to Main Menu