15 - 21 октомври 2001 година

Скопје, 22ри октомври 2001


Безбедносна состојба

Различна вест за приведувањето на бившите припадници на ОНА.
Весникот на албански јазик Факти пишува дека по објавувањето на амнестијата за припадниците на ОНА од страна на претседателот на дражавата Борис Трајковски, полицијата од 10 октомври привела вкупно 20 бивши припадници на ОНА. Министерството за внатрешни работи ја демантираше оваа објавена вест.

Нападнати полициски пунктови.
Според информација на Центарот за справување со кризи, на 16 октомври во реонот на Љуботен, кај местото “Љуботенски бачила” бил отворен оган кон пунктот на македонските безбедносни сили. Исто така е стрелано и врз полицискиот пункт лоциран во близина на селото Ропајце.

Спречен конвојот со раселени лица да се вратат во Матејче.
На 17 октомври меѓународни набљудувачи кои требале да го испитат теренот во село Матејче, пред да влезе конвојот со раселени лица, етнички Срби, имале контакт со вооружени лица, етнички Албанци. Двајцата набљудувачи се упатиле кон колективниот центар во Куманово, од каде требал да тргне конвојот, и им соопштиле на раселените лица дека конвојот нема да тргне. Раселените лица физички ги нападнале странските набљудувачи, при што со камења фрлале кон нивното возило.

Покрената постапка против резервисти на АРМ.
Министерството за одбрана поведе постапка против 30 припадници од резервниот состав на АРМ, за кои постојат докази дека учествувале во оштетувањето на објектите во викенд населбата на Попова Шапка.

Полицијата ќе влезе во пет „пилот-села“.
На 17 октомври Координативното тело за справување со кризи донесе одлука за организирано враќање на безбедносните сили во кризните региони, заедно со набљудувачките мисии на ОБСЕ и ЕУ. Првите пет села каде ќе се враќаат безбедносните сили е закажано за 22 октомври во селата Лешок, Теарце, Грушино, Опае и Лопате. На 19 октомври министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски изјавил дека враќањето на безбедносните сили во кризните подрачја на 22 октомври не може да се спроведе, поради присуство на вооружени лица.


Политичка состојба

Подготвени уште три амандмани.
Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, на 15 октомври писмено го известил претседателот на Собранието дека се подготвени уште три амандмани, кои ќе се приклучат на шесте претходно доставени амандмани. Претседателот Трајковски најавил дека доколку продолжи блокадата на работата на Собранието можеби ќе се откаже од улогата предлагач на уставните промени. Трето одложување на седницата на уставната комисија. Седницата на Комисијата за уставни прашања на 17 октомври беше по третпат одложена поради неприсуството на пратениците на партиите на етничките Албанци ПДП и ДПА.

Странски дипломати во посета на Скопје.
На 18 октомври во дводневна посета на Скопје пристигнаа Хавиер Солана, висок претставник на ЕУ, Џорџ Робертсон, генерален секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, претседавач на ОБСЕ и врховниот командант на НАТО, генерал Џозеф Ралстон. Тие дојдоа со цел да помогнат во деблокирање на мировниот процес. Како што тие изјавиле, ЕУ, НАТО и ОБСЕ го завршиле својот дел од работата, сега се очекува тоа да го сторат македонската Влада и Парламентот.

Курсистите Албанци се вратија во центарот за обука.
Сто и деветте курсисти, етнички Албанци, кои се на тримесечна обука во Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста, заедно со своите американски инструктори на 16 октомври се вратиле во Центарот-Идризово по еднонеделно отсуство.

Отказ за двајца директори на основни училишта и 70 професори од трите средни училишта.
Министерството за образование и наука, подрачна единица-Куманово им даде отказни решенија на директорите на основните училишта “Бајрам Шабани” и “Наим Фрашери” од Куманово, поради тоа што просториите на овие училишта им ги отстапиле за самоорганизирана настава за средношколците, етнички Албанци. Отказни решенија добиле и 70 професори, етнички Албанци, од трите средни училишта, бидејќи изведувале настава во друг објект. Исто така министерот им апелираше, учениците да ја следат наставата, или ќе го загубат правото да добијат свидетелства за завршена година.


Претходни извештаи

  • Извештај за ситуацијата бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Извештај за ситуацијата бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Извештај за ситуацијата бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Извештај за ситуацијата бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Извештај за ситуацијата бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Извештај за ситуацијата бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together