Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Координација

Записник

од 24-от состанок
4ти јуни 2002 година, Скопје
 

Присутни

Дилевска Томка – СОЖМ; Назир Хусеин – Координативно тело од Тетово; Дилбера Камберовска – Даја; Ѓунер Небиу - САЖМ; Бајрам Сулејмани – Натира; Вегим Етеми - Ел хилал; Ахмет Јашаревски - ДРОМ; Рахмани Мемедали - Месечина; Драги Змијанац - ПДАС "Меѓаши"; Александар Кржаловски, Грамоз Шабани – МЦМС.

Отсутни
Класје на добрината, Милосрдие, ООЖМ.

Со седницата претседаваше Вегим Етеми, Ел хилал.
Записничар: Грамоз Шабани

На седницата е утврден следниот

Дневен ред

Записник од 23 состанок на НВО координација

1. Информативен дел
    - извештај од 29 состанок на НХК
    - извештаи од организациите за остварените активности
2. Прашања, проблеми, потреби

Записникот од 23 состанок е едногласно усвоен.

Ад.1.

а) Р.Мемедали, Месечина, истакна дека треба да се дистрибуираат записниците од состаноците на НХК.

б) Организациите поднесоа кратки усмени извештаи за нивните активности.

А.Кржаловски, МЦМС, информираше за реконструкцијата на оштетените куќи. Тој кажа дека според информациите од УНХЦР, потребни се додатни средства за реконструкција на 900 куќи од 3 и 4 категорија. Досега се најавени околу 10 од потребните 16 милиона евра.

Драги Змијанац, Меѓаши, кажа дека минатата година било обезбедено летување за 200 деца од кои 50 од кризните региони. И оваа година ќе биде организирано летување за деца на самохрани мајки, раселени деца и др. Тој истакна дека раселените лица кои се сместени во нивниот центар, не сакаат да се вратат во Арачиново. Тој информира дека здружението "Зора" во петок, 07.06.2002 г., ќе одржи трибина на тема "Жртви на терор - заложници на политика".

Бајрам Сулејмани, Натира, рече дека вршат ре-регистрација на лицата кои се раселени во кумановско. Тој истакна дека за градење на довербата, треба да се започне со реконструкција на куќите од 3 и 4 категорија, на неалбанското население во Матејче.

Назир Хусеин, координативно тело од Тетово, информира дека продолжува проектот за вработување. Сега моментално како шивачки се вработени 9 жени (ВРЛ), а се планира вработување на уште девет. Тој кажа дека и во Тетово, населбата Дреновец, се уште не обновени куќите од 3 и 4 категорија. Лобирано е до Мерси корпс, Мовимондо и ДРЦ, но нема одговор. Тој рече дека Координативното тело од Тетово, со Мерси корпс организирале семинар за меѓуетничка доверба.

Рахмани Мемедали, Месечина, кажа дека целна група на нивната организација се социјалните и маргинализираните групи. Изработени се неколку проекти за инфраструктура во ромските населби. МЦМС е веќе заинтересирана за еден проект. Тој рече дека веќе испратил писмо до ИОМ каде ги информира дека не бараат да се поддржи нивниот проект, но сакаат повратна информација.

Томка Дилевска, СОЖМ, информираше за проектот од Пактот за стабилност "Улогата на жената во постконфликтниот период-градење на мир". Била организирана средба на жените Македонки и Албанки во општина Теарце. Исто така се одржала и средба со жените Ромки, бегалци од Косово, во колективниот центар Шуто Оризари.

Ахмет Јашаревски, ДРОМ, кажа дека по 10 јули ќе почне реновирање на едно училиште во Куманово во соработка со УНХЦР.

Ад.2.

Рахмани Мемедали, Месечина, рече дека се вложуваат многу пари во градење на мрежи-координации, кои се користат за прибирање, а не и давање информации (пр. НВО советот на меѓународните организации). Тој побара да се закаже средба со странските НВО, УНХЦР и ИОМ, да се види што работат тие. Тој предложи да се одржи и една заедничка прес конференција, на која би се истакнале овие проблеми во комуникацијата и соработката со меѓународните организации.

Драги Змијанац, Меѓаши, рече дека одржување на прес конференција можеби би имала негативни последици за НВО координацијата. Може да се напише некој текст во печатот со наши видувања или благи критики, или да се направи лоби-група и директно да се комуницираат проблемите.

Александар Кржаловски, МЦМС, кажа дека подолго време се труди да добије информации што работат во моментот странските НВО. Може да се закаже средба со ИОМ и да се види што работат. Може да се направи интерен допис до некои невладини организации.

Заклучоци

МЦМС ќе закаже средба со меѓународни организации во земјата: Меѓународен НВО Совет, ИОМи УНХЦР.

Следната средба на НВО координацијата ќе се закаже првата недела по состанокот со меѓународните организации или последната недела од јуни.


Претходни извештаи


Back to Aid