|
Записник На седницата е утврден следниот ДНЕВЕН РЕД 1.Преглед на состојбата и
скорешен развој на настаните (Претседавачот) 1.Преглед на состојбата и
скорешен развој на настаните Беше упатен апел до сите организации за навремено доставување на неделните поланови до Центарот за кризен менаџмент. Истотака сите организации беа замолени да достават годишен извештај (по можност да биде вклучен и јануари 2002) за нивните хуманитарни активности, вид на помош, места на дистрибуција и корисници. 2.Преглед на состојбата и
скорешен развој на настаните 3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦИЦРЦ информираше дека дистрибуциујата на храна за “микрораселените лица “ во Скопје и Тетово е завршена. Во Тетово со оваа дистрибуција биле опфатени 3,500 лица кои не успеале да бидат регистрирани според зададените критериуми како ВРЛ, а сепак имаат потреба од помош. Дистрибуцијата на храна и хигиенски пакети за ВРЛ во колективните центри продолжува. 4.Скорешен развој на
активностите (Агенции на ОН, донори) СЗО извести дека за сите досегашни пратки на лекови кои пристигнале и биле дистрибуирани од нив, постојат детални листи со имиња на лекови и количини во Министерството за здравство и Министерството за труд и социјала, бидејќи без дозволите на овие две министерства увозот на лековите како и ослбодувањето од данок не би било возможно. Се прават обиди за реватилазација на амбулантите во Липоквскиот крај. Солидаритес веќе рехабилитирал неколку, а сега ќе се направат напори за опремување на истите како и создавање на мобилни тимови за пружање на примарна здравствена заштита. Следната недела во соработка со Медицинскиот Центар-Куманово ќе биде донесена финалната одлука за мобилните тимови. Што се однесува до трите активни аптеки кои издаваат лекови само за ВРЛ, по проценката на вкупниот број издадени лекови минатиот месец и намалувањето на бројот на ВРЛ во Скопје, одлучено е да од следниот месец-март со работа продолжи само аптеката која се наоѓа во Здравственио Дом Бит Пазар. УНМАО ги извести присутните дека владата дала согласност за вклучување на тимови за деминирање на интернационалните организации кои заедно со тимовите на ИТФ, кои ќе се вратат во земјата, ќе ги продолжат со активностите за деминирање. ЊФП извести дека снабдувањето со храна на преостанатите бегалци е сега должност на УНХЦР. Нивната координативна улога во овој сектор, како и констаниот мониторинг на дистрибуцијата на храна, продолжува. Беше поделена и табела со прикажана дистрибуција за месеците јули-фебруари како и вкупен број на корисници (анекс 1). Истотака беше поделена и листа за содржината на кошничките за храна за различни целни групи (ВРЛ, социјални случаи, бегалци) (анекс 2). ИОМ информираше дека во склоп на нивната програма за градење на доверба, на 14 фебруари е отворена канцеларијата во Битола. Во склоп на нивните редовни програми тие им помогнале на: 17 бегалци при реунификација со нивните семејства, 5 случаи на азиланти бегалци при реунификација со нивните семејства; 2 случаи на семејна феинификација во Финска и Шведска; 21 бегалец кои доброволно се вратиле во Косово и на 301 бегалец препратени од УНХЦР за интервју како и на 20 жртви на простутуција. Истотака минатиот месец 42 жртви на проституцијата биле сместени во нивниот Транзитен Центар. ЕЦХО извести дека продолжува дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семјства-домаќини (имплементирачки партнер ИнтерСос) како и дистрибуцијата на храна за локалното население во конфликтинте региони (имплементирачки партнер -Акција против глад). Што се однесува до рехабилитацијата на амбуланти и училишта, ЕЦХО и понатаму ќе соработува со УНИЦЕФ, СЗО како и ресорните Министерства за образование и здравство. 5.Скорешен развој на
активностите на ООН (ОЦХА) Веќе е иаготвена преелиминрана транзициона рамка, а како резултат на започнатиот процес ќе се воведат и нови сектори. УНХЦР продолжува со редовните активности: дистрибуција на огревно дрво и долна облека за ВРЛ, населението во конфликтните региони. Што се однесува до активностите во секторот за засолниште, УНХЦР во соработка со своите имплементирачки партнери работи на нова проценка на штетите и план за поправки на оштетените куќи кат. И и ИИ. 6.Скорешен развој на
активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Месечина ) Месечина информираше дека на минатиот состанок на локалните невладини организации повторно се разговарало за поактивна соработка помеѓу локалните и интернационалните невладини организации. Беше потенцирано дека не треба да се потценува капацитетот на локлните невладини организации како и нивното познавање на локалните традиции, култура и потреби. 7.Скорешен развој на
активностите на интернационалите невладини организации (Совет на
интернационални невладини организации) Процесот на транзиција запошнат на 29 јануари 2002, со првата округла маса на која модератот беше г-н Амин Ањад со поддршка на г-н Маѕо од Советот на интернационалните невладини организации, продолжува и понатаму. Како резултат на веќе постугнатите договори формирани се четири нови сектори: -Инфраструктура/Рехабилитација
кој во себе ќе ги воедини веќе постоечките сектори за засолниште и
водоснабдување, Новите секторски состаноци ќе почнат да се одржуваат наскоро. 7.Разно
Претходни извештаи
|