|
|
ЕУ обезбеди дополнителни средства за поправка
на оштетените куќи
Скопје, 5ти октомври 2001
Вчера во Македонија пристигна еврокомесарот за надворешни
работи Крис Патен, кој потпиша договор со британската НВО Children's Aid
Direct за реконструкција на оштетените куќи во кризните подрачја во Македонија.
Со програмата за реконструкција ќе се обезбеди помош за граѓаните, враќање
на довербата и смирување на политичката ситуација. Со оваа програма ќе
бидат опфатени околу илјада оштетени куќи во Арачиново, Тетово и Куманово.
Веќе се обезбедени еден милион евра за реконструкција на околу две илјади
куќи во околината на Тетово. Со договорот исто така се обезбедуваат средства
и за поправки на 320 куќи во кумановскиот регион. Нивната реконструкција
ќе почне идната недела и ќе трае до крајот на оваа година.
|