Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Започна учебната година во Матејче

Скопје, 7ми ноември

Македонскиот центар за меѓународна соработка покрај дистрибуцијата на градежен материјал за поправка на 172 куќи од прва категорија во Матејче, успеа да рехабилитира шест училници во ОУ “Култура”, за да може да започне новата учебна година.

Наставата симболично почна на 5 ноември, додека учениците утредента (6 ноември), иако со закаснување од два месеци, се вратија на своите училишни клупи. Пред да влезат во училиштето експерт од екипата за деминирање им одржа кратко предавање како да внимаваат на непознати предмети и опасноста од мини. Инаку во училиштето наставата ја следат 940 ученици, етнички Албанци, а набргу ќе почне да функсионира и градинката. Пред кризата во ова училиште наставата ја следеле и 12 ученици, етнички Македонци. Наставата ќе се одвива во три смени, но поради недостаток на електрична енергија часовите мора да траат пократко.

Back to Main Menu