Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Заврши враќањето на полицијата во Тетовско

Скопје, 14 јуни

Во тетовските села Порој, Џепчиште, Ѓермо, Вејце, Шемшово, Озормиште, Палатица и Требош заврши временско ограниченото патролирање на етнички мешаните полициски патроли. Така се исполнија условите за 24 часовно присуство на полицијата во тие села и со што се заокружува процесот на реинтеграција на сите 72 населени места во тетовскиот регион.

Од 142 населени места што биле опфатени со Планот за враќање на полицијата, реинтеграцијата заврши во 131 место. Патролирањето се спроведува во осум кумановски села. По завршувањето на деминирањето, патролирањето треба да започне уште во преостанатите скопски села Танушевци, Малино и Брест.
 

Back to Main Menu