Почна деминирањето на Попова Шапка
Скопје, 10 oктомври
Екипи за расчистување мини и неексплодирани направи
почнаа со нивни активности, откако претходно Европската унија за овој
проект додели 1,9 милион евра. Со програмата се опфатени регионите на
Тетово, Радуша, Танушевци и Липково. За деминирањето се потпишани договори
со организации од Словенија и од Германија.
Во овие подрачја се распоредени 12 екипи за деминирање.