Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 07/2002


ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 07/2002

11 март - 17 март 2002 госина

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Укинат полицискиот час во Тетово.
На 11 март, со наредба на министерот за внатрешни работи, по стабилизираната состојба на подрачјето на општина Тетово, е укинат полицискиот час од 23 до 5 часот наутро.

По повеќедневен прекин, воспоставени полициските патроли.
На 11 март, по неколкудневен прекин, етнички мешаните полициски патроли придружувани од претставници на ОБСЕ, ЕУММ и мисијата на НАТО “Килибарна лисица”, продолжија да патролираат во тетовските села Челопек, Радиовце, Теново, Жеровјане, Боговиње и Пирок. Полициските патроли за првпат влегоа и во селата Синичане, Долно Палчиште, Горно Седларце и Камењане. Мешаните етнички полициски патроли на 15 март влегоа и во Мала Речица.

10 амнестирани лица пуштени на слобода.
Со донесувањето на Законот за амнестија, на 12 март, од притвор беа пуштени на слобода десет лица. Меѓу ослободените лица се наоѓа и Семи Хабиби, кој беше осомничен за нападот на полициската станица во Теарце во јануари минатата година. Хабиби пред извесно време беше екстрадиран од Германија по барање на македонските власти. Инаку вкупниот број на амнестирани лица кои треба да бидат ослободени е околу 300. Основниот суд во Скопје потпиша одлука за амнестија на поранешниот политички лидер на ОНА, Али Ахмети, иделогот на ОНА Фазли Велиу и екс-пратеникот Хисни Шаќири.

Етнички мешаните полициски патроли влегоа во Радуша.
Претставниците на селото Радуша по разговори со амбасадорот на НАТО во Македонија Клаус Волерс, дозволија етнички мешаните полициски патроли да влезат во селото. Претставниците на Радуша барале неколку жители од селото да бидат вклучени во резервниот состав на МВР. Инаку, полицијата се враќа во Радуша после седум месеци.

Робертсон нема да контактира со Координативниот совет на Албанците.
Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, изјавил дека НАТО не планира да контактира со Кординативниот совет на Албанците. Доколку одат на формирање на паралелни структури во Македонија, тоа ќе биде осудено од Меѓународната заедница.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News