|
Позадина на итноста бр. 13/2002 |
ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА БР. 13/2002
20 мај- –26 мај 2002 година
БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА
Нападната караула на АРМ.
На 22 мај, караулата "Стража" на Армијата на Република Македонија во
реонот на тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Косово беше нападната од
вооружена група. Во нападот нема повредени граничари. На 26 мај во реонот
на караулата "Танушевци" од непозната вооружена група била нападната
колона на Армијата на РМ. Нападот е извршен со три проектили од рачен
ракетен фрлач.
Почна курсот за подофицери-етнички Албанци во АРМ.
Во касарната во Охрид почна првиот основен курс за подофицери-командири на
одделенија во пешадијата. Овој прв курс, од неколкуте предвидени, ќе го
посетуваат 60 питомци етнички Албанци. Курсот во Охрид, согласно
Рамковниот договор, се организира за да се подобри етничката структура на
професионалниот состав на Армијата.
Поништена резолуцијата на косовскиот парламент.
На 23 мај косовскиот парламенет донесе резолуција со која не се признава
Договорот за демаркација на границата меѓу Република Македонија и СРЈ.
Цивилниот администратор на Косово Михаел Штајнер ја поништи оваа
резолуција. Владата на Р.Македонија реагираше околу резолуцијата на
косовскиот парламент за непризнавање на границата, како опасна за
стабилноста во регионот.
Претходни извештаи
|